Достапни линкови

За една поинаква неутралност - идиJотска


Реџеп Исмаил, член на движењето за социјална правда Ленка.

Реџеп Исмаил, член на движењето за социјална правда Ленка.

Опозицијата да престане да ги користи оние партизански антикапиталистички симболи бидејќи е ептен, ама ептен лицемерно. Стерилноста на „отпорот“ очи боди , „Бандера Росса“, Че Гевара и партизанскиот „но пасаран“ не одат заедно со „слободниот пазар има централно место во економијата“ и „бизнис секторот како двигател на развојот“, пишува Реџеп Исмаил од движењето за социјална правда Ленка во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Навистина, воопшто не е прогресивно занимавањето со опозицијата, а не со власта во еден општествено политички контекст, особено при поголеми кризни (економски и политички) историски моменти, во каква што ситуација впрочем и се наоѓа нашава заедница моментално. Ова не само што не е прогресивно, туку е помалку и досадно веќе и бенигно во однос на групацијата која се наоѓа на власт, а и освен тоа води кон декадентност на општеството во целина, во сите негови аспекти.
Играјќи по правилата на политичкиот маркетинг, во сообразност со нивната програма со пазарна капиталистичка логика, го доведе граѓанинот да не може да биде имун и на толку прости и популистички манипулации со кои и моментално го манипулира власта. И сега тоа и се врати како бумеранг на опозицијата. Едноставно не можат да се носат со таквиот простотилук на груевизмот токму затоа што тие се директно одговорни за ова ниско ниво на општествено-политичка свесност на граѓанинот моментално.

Но и опозицијата треба да престане да изигрува единствена и најпогодена жртва од оваа регресивна и цивилизациски деволуционо настроена (не само практично политички туку и идеолошки-идејно) групација која општествените институции (сите, без исклучок) ги има во свои раце и ги контролира во целост. Напротив, таа (опозицијата на чело со СДСМ) тоа најмалку е, бидејки има и тоа како голем удел во сегашнава безизлезна и очајна состојба на обичниот, работниот народ, уште повеќе кругот на капиталот кој гравитира околу нејзината дружина и материјално ползуваше (а преку тоа и секакво друго, духовно, интелектуално...) експлоатирајќи го и дозволувајќи да биде експлоатиран трудот на граѓанинот.

Играјќи по правилата на политичкиот маркетинг, во сообразност со нивната програма со пазарна капиталистичка логика, го доведе граѓанинот да не може да биде имун и на толку прости и популистички манипулации со кои и моментално го манипулира власта. И сега тоа и се врати како бумеранг на опозицијата. Едноставно не можат да се носат со таквиот простотилук на груевизмот токму затоа што тие се директно одговорни за ова ниско ниво на општествено-политичка свесност на граѓанинот моментално.

И поради гротесноста во која запаѓа опозицијата, во полза на општественото добро да не го претставува овој конфликт како митолошка борба помеѓу злото и доброто, па кој се посомнева во тоа автоматски да го оцрни и претвори во непријател-вмровец, поданик, платеник и слично. Освен ова и да престане да ги користи оние партизански антикапиталистички симболи бидејќи е ептен, ама ептен лицемерно. Стерилноста на „отпорот“ очи боди , „Бандера Росса“, Че Гевара и партизанскиот „но пасаран“ не одат заедно со „слободниот пазар има централно место во економијата“ и „бизнис секторот како двигател на развојот“ (6-та точка од програмата на СДСМ)!!! Алооо!!!
И во светски рамки очигледно се гледа стерилноста на социјалдемократската идеја. Иако некои нејзини микрофони деновиве очајно се обидоа и тоа да го одбранат, и тоа што е најчудно, без никој да го проблематизира тоа, што е доволен доказ за постоечката идејна криза на оваа идеја. Ова и самите тие го признаа обелоденувајќи го како „непријатно поглавје во историјата на социјалдемократите“.

Според ова, и во светски рамки очигледно се гледа стерилноста на социјалдемократската идеја. Иако некои нејзини микрофони деновиве очајно се обидоа и тоа да го одбранат, и тоа што е најчудно, без никој да го проблематизира тоа, што е доволен доказ за постоечката идејна криза на оваа идеја. Ова и самите тие го признаа обелоденувајќи го како „непријатно поглавје во историјата на социјалдемократите“.

Само што сега тие се обидуваат да не залажуваат дека тоа е како резултат на криза на идентитетот кој значи левите партии да возат десно, односно левите партии кои го поддржуваат капиталот на сметка на широките работни маси. Какви социо-имбецилни небулози, социјалдемократските партии никогаш и не биле нешто друго освен тоа. Само што сега повеќе не можат да го задоволат минимумот на работниците затоа што тоа диретктно ќе оди контра нивните капитал интереси кои што повеќето бизнисмени врзани за овие партии ги имаат. Нивното обраќање кон работниците и нивните интереси одсега веќе единствено ќе значи нивно самоукинување.

Затоа нема да се преокупирам повеќе со онаа дебата помеѓу свесните и совесни (а според тоа и општествено-политички одговорни и активни поединци и групи) граѓани и фелата на партиските апологети и финансирани социјал демократи. Дебата која се води за неутралноста во однос на судир од ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ е контра продуктивна за сите нас, затоа тука малку планирам да расправам за една поинаква неутралност, која што можеби не е идиотска во аристотеловска смисла, ама е помалку идиотска во вистинската секојдневна смисла на зборот. Имено, се работи за неутралноста на, така да се изразам, антикапиталистички и прогресивните сили во Македонија.

Премногу е очигледно дека работниците (платени робови и тие кои со душа чекаат да тоа станат) и целиот тој витешки и космополитски дух, ги нема на политичкиот мегдан, а уште помалку се во интересот на некоја политичка активна групација која е спремна да преземе општествено - организаторна одговорност во нивен интерес. Непостоењето на вистинска опозиција е вакум во општествено-политичкиов простор, колку тој вакуум поскоро не се пополни толку општествата повеќе ќе заглавуваат во се побрутална и побрутална диктатура, особено вакви општества како нашево - материјално оскудни.

Па оттука прашувам, до кога овие антикапиталистички сили ќе се обраќаат кон партиите на власт за исполнување на работничката правда, до кога ќе бараат од бизнисмените да финансираат проект социјализам, до кога „атеистот“ ќе го колнат во „бога“?! Да не чекаат да стечајците, минималците, прекаријатот, социјалците, бездомниците и шивачките да предводат бунт, па тие да се приклучат како интелигенција на сите нив?! Ви се молам!

Апелирам да се консолидираат заедничките сили и да се побара легитимитет од народот, како идеите и заложбите не би останале пусти желби и празно млатење слама.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG