Достапни линкови

Охрид свари 3,3 тони рибина чорба за Гинис


Охрид се обидува да влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени 3,3 тона рибина чорба.

Охрид се обидува да влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени 3,3 тона рибина чорба.

Манифестациите поврзани со одбележувањето на Водици и верските празници Богојавление и Соборот на Свети Јован Крстител во Охрид оваа година беа заокружени со приготвени 3,3 тона рибина чорба со што Охрид ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата ја сварија професори и ученици од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.

„Гинисовиот рекорд е соборен, досегашниот рекорд изнесуваше 3.025 литри рибна чорба, а ние веќе имаме 3.300 литри. Чорбата е готова, сè е регистрирано со видео-запис и сето ќе заверено на нотар. Спроведени се инструкциите од Гинис, така што очекуваме ништо друго освен потврда на соборениот рекорд“, рече Љубен Арнаудов, организатор на световниот дел од празнувањето на Богојавление – Водици во Охрид.

За подготовка на чорбата за Гинис беа употребени 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ и 150 килограми калифорниска пастрмка, како и 140 килограми морков, 50 килограми целер, 20 килограми пашканат, 110 литри масло, 100 килограми брашно за запршката, 200 врзалки магдонос и 20 килограми зачин и сол. Сето тоа финализира со 11 илјади порции рибина чорба, сварена на дрво, за што се потрошени четири метри кубни дрво.
XS
SM
MD
LG