Достапни линкови

Сириската опозиција не сака влада на помирување со Асад


Илустрација: Сирија.

Илустрација: Сирија.

Сириската опозиција го одби предлогот од министерот за надворешни работи Валид Ал-Муалем, кој повика на разоружување и преговори за формирање нова влада. Амбасадорот на Националната коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили во Париз, Монзер Махоус, рече дека опозицијата никогаш нема да формира влада со режимот на Асад поради тоа што владата не сака да постигне политичко решение. Тој рече дека само „националистичка опозиција“ може да учествува во нова влада, но оти разговорите за останувањето на претседателот Башар ал-Асад на функцијата се неприфатливи. На вчерашниот состанок во Истанбул сириските опозициски лидери по втор пат се обидоа да формираат транзициска влада. Се очекува тие повторно да се сретнат кон крајот на месецов во Париз.
XS
SM
MD
LG