Достапни линкови

logo-print

Груевски жали што Грција го одбила предлогот на Филе


Архивска фотографија: Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Скопје.

Архивска фотографија: Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Скопје.

Премиерот Никола Груевски изрази жалење што Грција го одби предлогот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за трилатерална средба.

„Колку што можев да разберам Филе немаше намера да го супситуира делувањето на Метју Нимиц и на Обединетите нации, туку сакаше да помогне во целата работа“, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на две нови лаборатории на Природно-математичкиот факултет.

Ние пристапивме со добра волја, рече Груевски, но за жал другата страна не ја препозна добрата намера на Филе. Премеирот Груевски изјави дека Македонија останува посветена на изнаоѓање решение на спорот со Грција.
XS
SM
MD
LG