Достапни линкови

Неделен печат - Меѓуетнички односи, поделби и политичка криза


Архивска фотографија: Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје.

Архивска фотографија: Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје.

Неделниците меѓудругото ги анализираат меѓуетничките односи, актуелната политичко-институционална криза и посетите на Нимиц и Санино.

Капитал – Политичарите не престануваат да трошат скапи кредити од банката на меѓуетнички односи

Неделникот Капитал посветува подолга анализа на меѓуетничките односи во земјава, како клучен фактор за стабилноста на државава, кажувајќи ја својата поента уште во насловот, дека „Граѓаните мораат да го спасуваат соживотот од патриотизмот, на политичарите!“
Времето поминува, тензиите растат, светот ни го мери умот, а нашите поделби стигнаа на ниво на клеточна делба или поточно до митоза - делба на јадрото. Нема пострашно од тоа за еден народ.

Неделникот забележува дека најодговорните, политичарите, не покажуваат намера да престанат да трошат скапи кредити од банката на меѓуетнички односи, која во 2002 година од банкрот ја спаси Рамковниот договор. Покрај другото, и затоа што имајќи ја предвид бескомпромисноста на политичките интереси во земјава, но и во регионот, ризично е да се верува дека инспираторите ја имаат ситуацијата под контрола и вешто ја менаџираат да остане зад опасните црвени линии преку кои завршува дневно-политичкиот интерес, а почнува хаосот.

Глобус - Ненормалната ненормалност
Нимиц замина од Скопје со досега најголем оптимизам. Добро е, бездруго велат поддржувачите на власта, Груевски повторно успеал да го убеди, старчето, во желба за брзо решение на спорот со Грција. Санино, пак, како катапултиран излезе од Бихаќка, што е несомнено добро за опозиционерите. Западот не ги поддржа, но најпосле виде дека и СДСМ има „црвени линии“. После сè, редно беше и Црвенковски да му каже НЕ на Брисел. Ако може власта, зошто не би можела и опозицијата?!.

Во најновиот он-лајн Глобус, редовната колумна Офаманаман се занимава со „Ненормалната ненормалност“ во речиси философско-теоретски есеј за причините за македонското пропаѓање денес. Па, покрај другото вели: во националната ДНК сме го вградиле хромозомот на смртта... и не можеме да се спасиме ако не се промениме: неопходни се драматични саморефлексии кои ќе го ослободат национот од конфликтниот товар на непостоечката историја, на лажните митови, на вербата во безвредните вредности на крупни делови од таканареченото културно наследство, на литературата, спортот, политиката, на филмот. Не да се отфрлат, туку да се ревалоризираат според критериумите на вистината и скромноста. На модерноста, пишува Глобус.

Граѓански - Нашите поделби стигнаа на ниво на клеточна делба

„Ако првите знаци за пропаѓање на еден народ се неразбирањето на времето сегашно и времето идно и губењето на способноста за комуникација со другите, Македонија има многу причини за загриженост“, пишува Граѓански во анализата посветена на актуелната политичко-институционална криза во земјава насловена „Повикај пријател“. За да додаде: „Времето поминува, тензиите растат, светот ни го мери умот, а нашите поделби стигнаа на ниво на клеточна делба или поточно до митоза - делба на јадрото. Нема пострашно од тоа за еден народ“.

Фокус – СДСМ ќе го освојува Западот по рецептот на ВМРО-ДПМНЕ

Во уводникот, Фокус прави пресек на настаните од изминатата недела со наслов: „СДСМ ќе го освојува Западот по рецептот на ВМРО-ДПМНЕ“: Нимиц замина од Скопје со досега најголем оптимизам. Добро е, бездруго велат поддржувачите на власта, Груевски повторно успеал да го убеди, старчето, во желба за брзо решение на спорот со Грција. Санино, пак, како катапултиран излезе од Бихаќка, што е несомнено добро за опозиционерите. Западот не ги поддржа, но најпосле виде дека и СДСМ има „црвени линии“. После сè, редно беше и Црвенковски да му каже НЕ на Брисел. Ако може власта, зошто не би можела и опозицијата?!“, прашува уводничарот во Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG