Достапни линкови

Несудениот атентатор само „сакал да му одржи лекција“ на Доган


Човекот што вчера впери пиштол во главата на бугарскиот политичар Ахмед Доган изјавил дека сакал да „му одржи лекција“, а не да го убие. Несудениот атентатор Октај Енимехмедов се соочува со шест години затвор откако вчера впери гасен пиштол во главата на претседателот на партијата Движење за права и слободи Ахмед Доган додека тој држеше говор во Софија. Полицијата соопшти дека Енимехмедов се обидел да испука два куршуми, но оти пиштолот се закочил. Бугарското министерство за внатешни работи вчера соопшти дека напаѓачот оставил писмо во кое вели дека очекува да биде убиен во нападот и дека сака да му покаже на 58-годишниот Доган дека не е „недопирлив“. Ахмед Доган, кој не беше повреден во инцидентот, е водечки политичар од турското малцинство во Бугарија. Напаѓачот исто така е етнички Турчин.
XS
SM
MD
LG