Достапни линкови

Eксплозија во трговски центар близу Атина


Илустрација.

Илустрација.

Силна експлозија одекна во трговски центар близу Атина, при што полесно се повредени две лица од обезбедувањето, јавува МИА.

Пет минути пред 10 часот непознати лица се јавиле во редакцијата на весникот „Елефтеротипија“ и во електронското издание на „Зунгла“ и соопштиле дека на паркингот на Mall Athens е поставена рачно направена
експлозивна направа. На местото веднаш се упатиле полициски сили и направата ја пронашле зад штанд со весници. При експлозијата не избувнал пожар.

Електронското издание на весникот „Етнос“ соопштува дека направата експлодирала по евакуацијата на зградата, кога посетителите веќе го напуштиле трговскиот центар, а во него останале само припадниците на обезбедувањето.
XS
SM
MD
LG