Достапни линкови

Блатер против формирање пост-советска фудбалска лига


Претседателот на светската фудбалска федерација ФИФА Сеп Блатер.

Претседателот на светската фудбалска федерација ФИФА Сеп Блатер.

Претседателот на светската фудбалска федерација ФИФА Сеп Блатер изјави дека се противи на плановите за формирање Лига на ЗНД во која ќе се натпреваруваат екипи од поранешниот Советски Сојуз. Зборувајќи денеска во Санкт Петерсбург, Блатер рече дека формирањето на Лига на ЗНД е „против принципите на ФИФА“ и може „да направи неред“. Формирањето на пост-советската лига ја предложија клубови како Зенит од Санкт Петерсбург и Динамо Киев. Тие сметаат дека во таа лига треба да играат најдобрите клубови од поранешните советски републики. Критичарите, меѓу кои и Руската фудбалска федерација, пак, тврдат дека тоа ќе им нанесе штата на националните првенства. Блатер во Русија присуствува на годишниот турнир за играчи до 21 година од поранешните советски републики.
XS
SM
MD
LG