Достапни линкови

Охрид прави чорба за Гинис со морска риба


Празникот Водици и Богојавленските чествувања во Охрид продолжуваат и денеска на Соборот на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите, како продолжение на веќе воспоставената традиција на тој начин да се одбележува завршувањето на забраната за риболов на Охридското Езеро после зимскиот мрест на рибата.

Атракција оваа година ќе биде обидот на Охрид за влез во Гинисовата книга на рекорди, со приготвени 3,3 тона рибна чорба. За подготовка на чорбата за Гинис ќе бидат употребени 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ и 150 килограми калифорниска пастрмка, како и 140 килограми морков, 50 килограми целер, 20 килограми пашканат, 110 литри масло, 100 килограми брашно за запршката, 200 врзалки магдонос и 20 килограми зачин и сол.
XS
SM
MD
LG