Достапни линкови

logo-print

Серија земјотреси го вознемирија Битолско - преспанскиот регион


Битола - аехива

Битола - аехива

Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје соопшти дека нивната телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово, доцна синоќа и рано изутрината е регистрирана серија од дваесетина земјотреси чии епицентри потекнуваат од преспанско-битолскиот регион.
Најсилниот од нив бил синоќа во 22.49 часот, со епицентар на 20 километри западно од Битола, кој беше почувствуван во епицентралното подрачје со интензитет од V до VI степени според Европската макросеизмичка скала-1998, во поширокиот преспанско-битолскио регион со интензитет од IV до V степени според истата скала, а во останатите места на југозападниот дел од Македонија со послаби интензитети.
Освен вознемиреност кај населението од погодената област, нема пријави за настрадани или евентуални материјални штети.
XS
SM
MD
LG