Достапни линкови

Најаваен антифашистички протест во Атина


Во Атина попладнево ќе се одржи антифашистички протест на централниот плоштад „Омонија“, каде подоцна пред зградата на Парламентот ќе се одржи колем концерт. На митингот ќе учествуваат десетици организации, синдикати, студенстки и ученички здруженија, младински партиски организации, асоцијации на имигранти и луѓе од областа на науката и уметноста. Претходно оваа недела во грчкиот главен град беше убиен млад Пакистанец на пат кон работа. Тој беше избоден од двајца грчки дражавјани, кои потоа се уапсени. Грчките власти при претрес на нивните домови пронашле десетици ножеви и брошури на партијата „Златна зора“, која често е обвинувана за напади врз странци.
XS
SM
MD
LG