Достапни линкови

Јован Бабачев го фати крстот во Охрид


Јован Бабачев од Варош оваа година по петти пат го фати крстот во осветените води на Охридското Езеро. Над 1.000 верници го бараа крстот дваесетина минути во водите на езерото со температури од 8 степени целзиусови, јавуваат медиумите. Чествувањата на празникот започнаа утрово во 8 часот со свечени литургии во верските објекти.Службите за итна медицинска помош интервенирале за три случаи на премрзнување.
XS
SM
MD
LG