Достапни линкови

logo-print

САД и Јапонија апелираат за спас на заложници во Алжир


Соединетите американски држави и Јапонија испратија апел до властите во Алжир за спасување на заложниците додека армијата се справува со милитантите кои упаднаа во рафинерија за природен гас. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека во разговорот со премиерот на Алжир Абделманек Селал побарала крајно внимателно да се заштитат заложниците. Јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида, кој се сретна со Клинтон, рече дека Токио бара приоретизирање на безбедноста на животите на странските и домашни заложници во објектот.
XS
SM
MD
LG