Достапни линкови

Дачиќ: Нема да се укинат српските институции на Косово


Српскиот премиер Ивица Дачиќ, по четвртата рунда преговори во Брисел, изјави дека не е точно дека за време на разговорите е започнато „демонтирање“ на српските институции на Косово, бидејќи според него тоа е суштинско прашање кое не може да се договори за една ноќ.
„Решението се наоѓа во формирањето нови институции во северниот дел кои ќе бидат прифатливи и за Приштина и за косовските Срби. Не ни е интерес да ги форсираме институциите од Белград, но мора да се знае какви институции че имаат Србите. Тоа секако ќе бидат институции на српскиот народ“ рече Дачиќ. Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека за внатрешното уредување на Косово нема да разговара со Србија.
„Ќе го почитувам Уставот на својата земја, а на српската заедница на Косово и ги нудам највисоките европски права“ рече Тачи, додавајќи дека прашањето за Северно Косово нема да се условува со место во ОН.
XS
SM
MD
LG