Достапни линкови

Најавена средба меѓу Обама и јапонскиот премиер


Вашингтон соопшти дека новиот премиер на Јапонија ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа во третата недела од Фебруари. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го најави настанот во петокот по средбата со јапонскиот министер за надворешни работи. Премиерот Шинцо Абе стапи на функција минатиот месец а во својата предизборна кампања најави дека соработката со Соединетите американски држави ќе биде еден од темелите на надворешната политика на Јапонија.
XS
SM
MD
LG