Достапни линкови

Православните верници го слават Водици


Православните верници денеска го слават христијанскиот празник Богојавление - Водици, кој се одбележува од вториот век. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Богојавленската литургија почна во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, по што поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан заедно со свештенослужителите и верниците со литија ќе се упати кон мостот кај хотелот „Холидеј Ин“, каде ќе ги освети водите на Вардар. Чинот на положувањето на светиот крст во Скопје ќе биде на пладне, а по него ќе скокнат 173 пријавени верници. Годинава меѓу учесниците има повозрасни граѓани од над 60 години и малолетни лица, кои ќе учествуваат со писмено одобрение од родител.
XS
SM
MD
LG