Достапни линкови

logo-print

Заложничката драма во Алжир не е завршена


Алжир

Алжир

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска во Парламентот дека заложничката криза во Алжир сеуште не е завршена и оти ситуацијата и натаму е опасна. Сеуште трае потрагата по заложниците во постројките за гас во близина на границата со Либија. Камерон истакна дека меѓу заложниците има и Британци, Алжирци и луѓе од најмалку 7 други држави. Алжирската државна агенција јави дека досега биле ослободени околу 650 лица, вклучувајки и 70 странци и оти биле убиени најмалку 18 терористи.

Во првата реакција, американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека милитантите кои нападнаа американски државјани ќе бидат казнети. Американската влада работи на безбедно враќање на американците кои се во зложништво во Алжир. Без оглед на мотивите на напаѓачите, нема оправдување за киднаперите и тие ќе бидат казнети, каде и да се кријат, изјави Панета.
XS
SM
MD
LG