Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да излезе на избори


Најавата за радикализација на протестите е само паничен рефлекс на СДСМ затоа што гледаат дека ја губат поддршката дури и од нивните малубројни членови. Ако Црвенковски и СДСМ се убедени дека граѓаните се на нивна страна да излезат на локални избори, кои ќе бидат со силен меѓународен мониторинг и по сите меѓународни стандарди, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.
Од оваа партија со порака до СДСМ, да осмислат програми и проекти, кои сметаат дека се добри за граѓаните, да најдат соодветни кандидати и да излезат на избори, на кои граѓаните ќе одлучуваат кому му веруваат и кој има подобра програма, а кој не.
XS
SM
MD
LG