Достапни линкови

Потребни се нови чекори за нормализација меѓу Србија - Косово


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј по денешната средба со српскиот премиер Ивица Дачиќ вети дека Европската унија ќе ги исполни обврските кон Србија, додека Дачиќ изјави оти очекува што побрзо започнување на преговори за членство.
Ромпуј додаде дека покрај неопходните реформи потребни се и нови чекори за нормализација на односите со Косово.
Тој потсети дека Европскиот совет на пролет ќе го оцени напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, а потоа ќе донесе одлука за отпочнување на преговорите.
Дачиќ ја повтори определбата на Србија за реализација за две клучни цели на националната политика: изнаоѓање одржливо решение за односите меѓу Белград и Приштина и што побрз напредок кон европските интеграции.
XS
SM
MD
LG