Достапни линкови

Иванов очекува динамизирање на преговорите за името


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Скопје изјави дека очекува динамизирање на разговорите за надминување на спорот за името на претстојната средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите на Македонија и на Грција закажана за крајот на месецов во Њујорк.
За отфрлањето на иницијативата за трилатерална средба на еврокомесарот Штефан Филе од страна на Грција, шефот на државата посочи оти Македонија останува конструктивна во процесот.
Иванов, запрашан во врска со противењето на Софија за одредување датум за почеток на преговорите со Македонија на последниот самит на Советот на ЕУ, Македонија е подготвена да разговара секогаш и за секое прашање кое соседна Бугарија го смета за отворено.
Иванов смета и дека нема потреба од лидерска средба за надминување на политичката криза во земјава, бидејки таа треба да се разреши во институциите на системот.
XS
SM
MD
LG