Достапни линкови

Во Сирија убиен белгиски новинар


Активисти на сириската опозиција јавуваат дека во Алепо е убиен од армиски снајпер еден белгиски новинар од француско потекло додека покривал престрелки меѓу владините трупи и бунтовниците.
Анти режимските активисти јавија дека станува збор за Ив Дебоа од магазинот Асаут, публикација специјализирана за одбранбени прашања. Ова убиство не е потврдено од независни извори.
Активстите постираа негова слика со неговото тело и прес картата на интернет како и аматерско видео на кое се тело. Според Репортери без граници, досега загинаа 17 професионални новинари во сирискиот конфликт.
XS
SM
MD
LG