Достапни линкови

И власта и опозицијата во своите ровови


Опозицијата одржа „Марш за вистината“.

Опозицијата одржа „Марш за вистината“.

Засега ниту една од страните не покажува волја да отстапи од своите позиции. Нема ниту најава од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов за свикување на лидерска средба како еден од начините да се седне на маса и да отпочне дијалогот.

Доколку власта не покаже добра волја за дијалог и излез од политичката криза, од понеделник опозициските блокади на улиците ќе се зголемуваат, како по бројност, така и по времетраење, категорични се од Социјалдемократскиот Сојуз.
Наредните чекори ги носиме со силно внимание, да бидат демократски методи коишто ќе пуштат само силна порака за нашата решеност, дозволени методи на форми на изразување на незадоволство и револт.

Потпретседателот на партијата, Зоран Заев уверува дека ќе бидат преземени сите демократски методи преку кои ќе се изрази незадоволството од начинот на кој власта ја спроведува својата политика.

„Наредните чекори ги носиме со силно внимание, да бидат демократски методи коишто ќе пуштат само силна порака за нашата решеност, дозволени методи на форми на изразување на незадоволство и револт.“

Заев вели дека власта не покажува волја за излез од политичката криза, ниту пак се труди да преземе чекори во таа насока. Никој од власта, вели Заев не се обидел да ја контактира опозицијата.
Искоренети се сите можности за некаков дијалог. Како тоа Радмила Шеќеринска или било кој од нашите пратеници кои на брутален начин беа влечени, удирани, ќе кажат – Почитуван претседателе Вељаноски барам збор, барам право за реплика. Како тоа?

„Се што добиваме е само од медиумите и изјавите на поединци, вклучувајќи го и премиерот дадени преку националните медиуми.“

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат СДСМ да престанат со ова несоодветно и лошо за државата однесување и ако се толку убедени дека имаат поддршка од граѓаните да излезат на локални избори кои што ќе бидат организирани во апсолутна фер и демократски атмосфера, согласно вградени препораки на ОБСЕ и ОДИХР. Од партијата велат дека интересите на граѓаните се бранат во институциите и дека демократијата не се брани со инциденти, подбуцнувања и непочитување на правилата.

Ваквите повици и реакции од владејачката партија, за СДСМ се нелогични, особено затоа што дијалог требало да се случи и на 24 декември.

„Искоренети се сите можности за некаков дијалог. Како тоа Радмила Шеќеринска или било кој од нашите пратеници кои на брутален начин беа влечени, удирани, ќе кажат – Почитуван претседателе Вељаноски барам збор, барам право за реплика. Како тоа? Од тие причини седнува водството во оваа земја и ги надминуваат проблемите согласно одговорноста која им виси на нивната глава, а тоа е иднината на државата“, вели Заев.

Засега ниту една од страните не покажува волја да отстапи од своите позиции. Нема ниту најава од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов за свикување на лидерска средба како еден од начините да се седне на маса и да отпочне дијалогот.

Експертите предупредуваат дека доколку ваквата ситуација продолжи политичката криза би можела да се продлабочи и да предизвика негативни ефекти како врз граѓаните, така и врз државата и нејзините евроатлански аспирации.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG