Достапни линкови

Младите не се проблем, младите ги нема


Жарко Настоски - веб уредник на Радио МОФ.мк

Жарко Настоски - веб уредник на Радио МОФ.мк

Решението за медиумската темница со која се соочуваат младите мора да се бара во анимирањето на нивната свест. Тие мора да бидат поттикнати да се обединат во вистински независни, граѓански здруженија, надвор од партиските влијанија, пишува Жарко Настоски од Радио МОФ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Присуството на една општествена група во медиумите во голема мера одредува колку таа група ќе биде успешна во остварувањето на своите цели и каква ќе биде нејзината севкупна положба во општеството. Ако на вестите постојано слушаме за проблемите на земјоделците, а за нив повеќе од дваесет години се „чува“ терминот за специјална емисија посветена на земјоделието во недела напладне, чувствуваме дека за нивните проблеми се разговара, а тоа е добар начин тие и да почнат да се решаваат. Но, проблемите на младите, кои по бројноста, но и по многу други нешта исто така се важна група во општеството, едноставно не се доволно третирани во медиумите.
Во македонските мејнстрим-медиуми со години наназад нема ниту една редовна содржина, емисија или програма која се занимава со проблемите на младите. Освен периодичните рудиментирани обиди, главно на јавниот сервис, во ниту една од дузината национални телевизии, весници и радија нема место за барем едночасовна емисија или содржина која редовно ќе известува за положбата на младите луѓе во општеството, за нивните проблеми и потреби.

Во македонските мејнстрим-медиуми со години наназад нема ниту една редовна содржина, емисија или програма која се занимава со проблемите на младите. Освен периодичните рудиментирани обиди, главно на јавниот сервис, во ниту една од дузината национални телевизии, весници и радија нема место за барем едночасовна емисија или содржина која редовно ќе известува за положбата на младите луѓе во општеството, за нивните проблеми и потреби. Дури и образованието, на кое до неодамна медиумите му посветуваа поголемо внимание, сè почесто и се придружува на културата како област која се занемарува и на која и се кратат ресурсите. Повеќето национални телевизии и весници веќе немаат новинари кои следат исклучиво образование, а помалите медиуми и онака немаат капацитет да и посветат поголемо внимание на оваа област.

Состојбата е малку поинаква во новите медиуми. Младите се природно наклонети кон алтернативните медиумски форми и затоа тие „владеат“ со сајбер-светот. Но, освен ретките исклучоци, индивидуални напори и светли примери (каков што е овој простор), ова не значи дека на интернет и на социјалните мрежи младите наоѓаат посериозен медиумски третман за нивните локални проблеми. Овој простор засега функционира хаотично, додека се градат капацитетите на македонските онлајн-медиуми.

Главната причина за отсуството на темите поврзани со младите во медиумите е длабоката политизираност на секој сегмент на македонското општество, која можеби е најочигледна токму во медиумскиот простор.

Чии се медиумите? Кој одлучува? Одговорот речиси секогаш е - политичарите. Тие директно или индиректно, најчесто поставуваат уредници кои ги бираат, не според нивните способности и искуство, туку според подготвеноста за спроведување на политичката агенда на сопствениците на медиумите. Оттаму, крупни и важни теми, како положбата на младите во општеството, невработеноста, квалитетот на образованието, одливот на мозоци, условите во студентските домови, поминуваат во медиумите само ако имаат политичка тежина или ако на конкретниот медиум му се „потребни“ за да ја потенцира нивната политичка димензија. Пропорциите на иронијата стануваат огромни, ако се знае дека 9 од 10 новинари кои работат на терен се млади луѓе. Тие под притисок на уредувачките шеми на редакциите со кои раководат нивните постари колеги-уредници, се наоѓаат во ситуација да пишуваат за проблемите на сите општествени групи, освен на групата во која самите припаѓаат.

Политичарите, водени од нивните интереси темелно спроведуваат беспрекорно прецизна политичко-маркетиншка сегрегација на граѓаните. Во односот кон нивната целна група и во изборот на методите и интензитетот со кој и се обраќаат, партиите им даваат предност на групите кои повеќе се интересираат за политика. Едноставно - младите не се интересни, затоа што не излегуваат на гласање. Политичарите ова без проблем го спроведуваат преку уредниците-извршители во своите медиуми, кои во преден план секогаш ја ставаат политиката.
Политичарите, водени од нивните интереси темелно спроведуваат беспрекорно прецизна политичко-маркетиншка сегрегација на граѓаните. Во односот кон нивната целна група и во изборот на методите и интензитетот со кој и се обраќаат, партиите им даваат предност на групите кои повеќе се интересираат за политика. Едноставно - младите не се интересни, затоа што не излегуваат на гласање. Политичарите ова без проблем го спроведуваат преку уредниците-извршители во своите медиуми, кои во преден план секогаш ја ставаат политиката.

Овде се гледа дека станува збор за подлабок проблем на политизираното македонско општество, во кое граѓанскиот сегмент е понижен и принуден да и се предаде на политиката. Политичарите од сите партии се свесни за бројноста и за политичкиот (читај гласачкиот) потенцијал на младите како општествена група. Но, под „менторство“ на истите тие политичари, младите (освен партиски ангажираните) во изминатите 20 години станаа речиси целосно аполитични. Разочарани од политиката, тие генерално се премалку заинтересирани за општествените текови, а овој процес е особено видлив во последните неколку години. Затоа, политичарите проценуваат дека трошењето на ресурси на зголемување на интересот на младите за политиката не им се исплаќа на краток рок. Тие решаваат да „вложуваат“ во општествените групи од кои условно кажано, имаат корист – им се обраќаат со многу поголемо внимание на пензионерите, на пример, кои иако се помалку бројна група од младите, повеќе се интересираат за политика и редовно излегуваат на гласање.

Решението за медиумската темница со која се соочуваат младите мора да се бара во анимирањето на нивната свест. Тие мора да бидат поттикнати да се обединат во вистински независни, граѓански здруженија, надвор од партиските влијанија. Колку и ова да изгледа како невозможна мисија, младите мораат самите да се изборат за своето место во македонското општество, а до оваа цел нема краток и лесен пат.

Еден познат новинар и уредник, на дебата за позицијата на младите во медиумите пред неколку години јавно им порачал дека ќе добијат простор во вестите „тогаш кога ќе падне крв“. Ова ќе одберам да го сфатам како метафора за летаргичноста на младите и нивното премало учество во општествениот живот. И уште една иронија за крај: пораката која младите треба да ја сфатат најдобро ја сублимира предизборниот слоган на еден поранешен политичар: Кој, ако не ние самите? Кога, ако не веднаш?

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG