Достапни линкови

Завршија разговорите за иранската нуклеарна програма


Инспектори на Меѓународната атомска енергија ги завршија дводневните интензивни разговори со иранските официјални лица, а во врска со наводите дека Иран извршил проби поврзани со нуклеарно оружје. Следната рунда разговори е закажана за 12 февруари. Иранските медиуми не соопштуваат дали има напредок во преговорите, иако неофицијални извори тврдат дека разговорите не одат во добра насока. Инспекторите на Агенцијата сакаат да го посетат Парчин, воената локација југоисточно од Техеран, со цел да ги испитаат наводите дека Иран испробувал делови кои се потребни за развој на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG