Достапни линкови

logo-print

Синот на Гадафи изведен пред суд во Либија


Саиф ал-Ислам, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи.

Саиф ал-Ислам, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи.

Синот на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, Саиф ал-Ислам беше изведен пред судот во градот Зинтан во Либија, за првпат откако беше заробен пред повеќе од една година. Од канцеларијата на јавниот обвинител соопштија дека Саиф ал-Ислам Гадафи е обвинет за „поткопување на државната безбедност“. Меѓународниот кривичен суд го бара Гадафи за да му суди за злосторства против човештвото за време на конфликтот во кој беше соборен неговиот татко. Либија го одби барањето на Меѓународниот суд за екстрадиција на Саиф ал-Ислам.
XS
SM
MD
LG