Достапни линкови

Прванов - Бугарија да не го попречува патот на Македонија кон ЕУ


Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов.

Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов.

Да не одиме премногу далеку и да не ја попречуваме Македонија кон ЕУ бидејќи тоа е кусогледо, изјави денеска поранешниот бугарски претседател Георги Прванов за Бугарското национално радио. Запрашан за, како што се наведува, антибугарската пропаганда во Скопје тој вели дека на тоа треба да се одговори со аргументи.

„Вистината е на наша страна само треба да инвестираме во науката, во медиумите за да може оваа вистина да не биде позната само во Бугарија, туку и во Европа, затоа што во Скопје се многу поактивни по ова прашање“, рече Прванов.
XS
SM
MD
LG