Достапни линкови

Грипот стигна - превенција, а не паника


Од 1 до 13 јануари годинава клинички се пријавени 411 лица со симптоми на грип, со што вкупната бројка на заболени со симптоми на грип, од октомври минатата година до сега, изнесува над 1.000 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Двајцата заболени од свински грип и хоспитализирани на инфективната клиника не се причина за паника, но се причина за поголема претпазливост и зголемени мерки на превенција и подготвеност и од страна на институциите, но и од страна на поединците, велат лекарите.
За грип не можете ништо, витамин Ц што повеќе, течности што повеќе, капки за нос за да се смири локално и не можете ништо посебно да сторите.

Дисциплината, но и мерките за заштита во здравствените установи треба да бидат на повисоко ниво особено со настапувањето на второто полугодие кога ќе се зголеми движењето и престојувањето во толпа. Токму избегнување на престој во групи особено поголеми треба да биде главната превентивна мерка и многу повеќе не може да се стори кога се во прашање вирусите, вели доктор Васко Пуздерлиски.

„За грип не можете ништо, витамин Ц што повеќе, течности што повеќе, капки за нос за да се смири локално и не можете ништо посебно да сторите.“
Симптоми на грип се кивање, кашлање болки во грлото, слабост, температура, можно е пролив и повраќање. Инкубацијата трае од два до три дена.

Секоја сезона можат да се појават и нови вируси со различни нови симптоми па затоа и не може да се полагаат големи надежи на вакцините против грип, но не треба и да се отфрлат како превентивна мерка додава Пуздерлиски.

„Светската здравствена организација се плаши од вирусите најмногу, а од друго се помалку. Сето ова што се случува е постепено, дали е револуција или еволуција не знам, меѓутоа ќе видиме, времето ќе покаже.“

Двајцата хоспитализирани кај кои е утврден вирусот Х1Н1 се хронични болни известија од клиниката и тие не се во животна опасност.

Од министерството за здравство соопштија дека потребниот лек тамифлу го има во доволни количини и е бесплатен. Докторите апелираат граѓаните сами да не се лечат.

„Симптоми на грип се кивање, кашлање болки во грлото, слабост, температура, можно е пролив и повраќање. Инкубацијата трае од два до три дена, предупреди доктор Јованка Костовска.

Од 1 до 13 јануари годинава, соопшти Министерството за здравство, клинички се пријавени 411 лица со симптоми на грип, со што вкупната бројка на заболени со симптоми на грип, од октомври минатата година до сега, изнесува над 1.000 пациенти.

Министерството за здравство упати препорака до министерството за образование да се зајакне дезинфекцијата во училиштата.
XS
SM
MD
LG