Достапни линкови

САД - Разговорите за користење на базата во Киргистан продолжуваат


Американски војници на аеродромот Манас во Киргистан.

Американски војници на аеродромот Манас во Киргистан.

Американскиот помошник секретар за Јужна и Централна Азија Роберт Блејк изјави дека продолжуваат разговорите за користењето на транзитниот центар Манас во Киргистан. Тој во Бишкек изјави дека е премногу рано да се разговара во детали за идното американско користење на аеродромот по планираното повлекување на странските сили од Авганистан до крајот на 2014 година. Блејк посочи дека минатата година САД му платиле на Киргистан околу 200 милиони долари по разни основи за користењето на аеродромот.

Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев вчера соопшти дека на аеродромот Манас не треба да остане никаква воена опрема, откако најголемиот дел од меѓународните сили ќе се повлечат од Авганистан до крајот на 2014 година. Во соопштението од кабинетот на Атамбаев се наведува дека претседателот му го повторил својот став и на Блејк кој е во посета на Киргистан.

НАТО во моментов го користи аеродромот Манас во близина на Бишкек за снабдување на силите во Авганистан со неборбени средства. Во Киргистан има и руска воена база во градот Кант на северот на земјата.
XS
SM
MD
LG