Достапни линкови

Алжирски работници избегаа од заложништво


Околу 30 алжирски работници и 15 странци избегале од една постројка за гас во земјата каде што беа држени како заложници, јавуваат тамошните медиуми. Исламистичките бунтовници држат во заложништво и десетици странски државјани. Властите не можеа официјално да го потврдат бројот на избегани. Алжирската војска ја држи постројката во близина на границата со Либија под опсада. Бунтовниците бараат прекинување на француската воена интервенција во Мали. Тие денеска побараа повлекување на алжирската војска околу комплексот како услов за почнување преговори, јави катарската телевизија Ал Џезира. Точниот број на заложници сè уште не е познат, но грабнувачите тврдат дека држат околу 40 луѓе, вклучувајќи Американци, Британци, Французи, Норвежани, Јапонци, Романци, Колумбијци, Тајланѓани, Филипинци, Ирци, Јужнокорејци и Ерменци. Алжирската влада одбива преговори со киднаперите.
XS
SM
MD
LG