Достапни линкови

Никој не инвестира во нестабилни држави


.
.

Не може да се очекува пораст на странскиот капитал само со реклами, промотори и министри без ресори, велат познавачите. Треба Македонија да си ги реши и внатрешните проблеми, додаваат тие.

Кризата во Еврозоната не е единствената причина која влијае на намалениот обем на странски инвестиции, сметаат познавачите кои додаваат дека не може да се очекува пораст на странскиот капитал само со реклами, промотори и министри без ресори.
Колку и ние да мислиме дека имаме поволна клима по однос на разни даночни олеснувања во слободните зони, сепак политичките влијанија се тие коишто ги кочат овие процеси.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

Во услови на криза се внимава на сигурноста на инвестициите кои странците ги прават во одредена земја, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Колку и ние да мислиме дека имаме поволна клима по однос на разни даночни олеснувања во слободните зони, сепак политичките влијанија се тие коишто ги кочат овие процеси, оти не етикетираат како земја која не е стабилна и секако секој кој сака да инвестира ќе биде малку повнимателен.“
Владин тим во потрага по странски инвестиции во Турција.
Владин тим во потрага по странски инвестиции во Турција.

Македонија треба да ги реши внатрешните проблеми, вели Кучи.

„Треба да се даде крај на прашањето за името што директно се врзува за нашето евро-атланско интегрирање.“

Земјава е во голема конкуренција со останатите држави од Западен Балкан, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.
Се треба да оди преку главниот врв на државата за да се добие дозвола за инвестирање во Македонија.
Висар Адеми, економски аналитичар.

„Сепак компаниите кои доаѓаат во Македонија се соочуваат со административни препреки, корупција која според сите индикатори е многу висока во Македонија и мислам дека тоа е многу голема препрека, затоа што едно е да кажеш во реклама, а друго е да се соочиш со таа бариера за инвестиции.“

Покрај големата мрежа на советници по амбасади и промотори, луѓето на овие позиции не се во можност да носат одлуки, вели Адеми.

„Главната одлука и тој синџир по вертикала на носење на одлуки за реализација и договарање на странски инвестиции се во двајца, тројца луѓе во државата и тоа е голема препрека да се надмине. Се треба да оди преку главниот врв на државата за да се добие дозвола за инвестирање во Македонија.“

Премиерот Груевски најави најмалку две поголеми странски инвестиции во следниве три до четири недели. Минатата година е забележан пад на странските вложувања во Македонија, јавуваат медиумите.
XS
SM
MD
LG