Достапни линкови

Кризата ќе се продлабочува, неопходни посредници


Наместо партиите да ја почитуваат и овозможат демократијата, тие се ставаат над неа, велат дел од политичките аналитичари во земјава.

Наместо демократија, ни се случува „партиократија“. Наместо партиите да ја почитуваат и овозможат демократијата, тие се ставаат над неа, анализираат политичките аналитичари во земјава. Во ситуација кога ниту власта, ниту опозицијата попушта, политичката криза се продлабочува, а тоа ги зголемува шансите за негативни ефекти за граѓаните, за државата и нејзините евроатлански аспирации.
Во овој момент не може да се каже дека може да се види светлото на крајот од тунелот, меѓутоа Македонија е држава која не ретко добивала помош во вакви ситуации од надвор. Сепак, мислам дека, како наближуваат локалните избори, така кризата уште повеќе ќе се продлабочува, особено ако опозицијата остане на одлуката да не оди на тие избори.

„Во овој момент не може да се каже дека може да се види светлото на крајот од тунелот, меѓутоа Македонија е држава која не ретко добивала помош во вакви ситуации од надвор. Сепак, мислам дека, како наближуваат локалните избори, така кризата уште повеќе ќе се продлабочува, особено ако опозицијата остане на одлуката да не оди на тие избори“, вели универзитетскиот професор Никола Дујоски.

Во меѓувреме, партиите не отстапуваат од веќе познатите позиции. Опозицијата не се враќа во парламентот и ќе ги бојкотира претстојните избори. Власта ги распиша локалните избори и не го прифати барањето на СДСМ за предвремени избори заедно со локалните.
Опозицијата одржа „Марш на вистината“.

Опозицијата одржа „Марш на вистината“.


„Последните случувања нормално дека се штетни и за нацијата и за државата, сите субјекти сносат одредена одговорност, но тоа не значи дека сите се подеднакво одговорни, затоа што во современиот свет демократијата се мери според тоа колку власта остава простор за дејствување на опозицијата“, вели универзитетскиот професор Етем Азири.
Последните случувања нормално дека се штетни и за нацијата и за државата, сите субјекти сносат одредена одговорност, но тоа не значи дека сите се подеднакво одговорни, затоа што во современиот свет демократијата се мери според тоа колку власта остава простор за дејствување на опозицијата.

Во лавиринтот на партиски суети и препукувања, излезот се чини невозможен, вели Дујоски. Сепак, очекува вклучување на меѓународниот фактор во обид да се нормализираат состојбите.

„Очекувам пред сè САД со нивната политика да се обидат да помогнат, затоа што тие имаат многу начини да менаџираат со ваквите кризи, советодавно или на кој било друг начин и се разбира ЕУ преку своите претставници тука“, вели Дујоски.

Од друга страна, пак, аналитичарите сметаат дека вклучувањето на меѓународниот фактор би значеле повеќе негативни поени за Македонија, особено во пресрет на извештајот што Европската комисија треба да го подготви пролетта. Сепак, според Азири, тоа е единствениот начин да се надмине тензичната атмосфера на македонската политичка сцена.

„Има простор и двете страни со посредство на меѓународниот фактор да седнат и да ги надминат проблемите“, вели Азири.

Вчера социјалдемократите најавија зголемување на блокадите, како по бројност, така и по времетраење, доколку, како што рекоа, власта не покаже добра волја за дијалог и излез од политичката криза. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелираше опозицијата да се врати во законодавниот дом и политичката дебата да ја насочи во институционална рамка.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG