Достапни линкови

Исламистичката група која како заложници држи десетина странски државјани во една постројка за гас во Алжир денеска побара повлекување на алжирската војска околу комплексот како услов за почнување преговори, јави катарската телевизија Ал Џезира. Точниот број на заложници се уште не е познат, но грабнувачите тврдат дека држат околу 40 луѓе, вклучувајќи американци, британци, французи, норвежани и јапонци. Во нападот биле убиени еден британец и еден алжирец. Исламистичката организација која ја презеде одговорноста наведе дека тоа го сторила во знак на одмазда поради помошта на Алжир на француската воена интервенција против исламските бунтовници во Мали.
XS
SM
MD
LG