Достапни линкови

Четиринаесет години откако војниците на НАТО влегоа на Косово за да му стават крај на конфликтот меѓу етничките Срби и етничките Албанци, таму се уште го нема натписот „Завршена мисија“, пишува весникот „Вол стрит џурнал“, наведувајќи дека голем дел од вината за тоа сноси и Европската унија.

Кревката ситуација на северот на Косово, неуспехот на полицијата на Европската унија да добие поголема поддршка кај населението и ограничените косовски институции придонесуваат мисијата на КФОР се уште да брои 5.565 војници, вклучувајќи и 700 кои се држат во резерва. Ова се наведува во написот на весникот „Вол стрит џурнал“ во кој се додава:

„НАТО се надеваше дека ќе го прополови своето присуство во наредните неколку години. Но, неколкунеделните етнички судири во летото 2011 година го одложи таквиот чекор.“

Лани, етничкото насилство беше намалено, ама НАТО војниците останаа на Косово поради значајното кратење на Еулекс и загриженоста по победата на националистот Томислав Николиќ на претседателските избори.

Приватно некои претставници на НАТО се жалат дека дел од проблемот е самиот Еулекс, или поточно земјите кои ја финансираат таа мисија од над две илјади припадници.
Ниту обновата на преговорите на највисоко ниво меѓу Косово и Србија со посредство на Европската унија не ги намали стравувањата за безбедносната ситуација.

Шефот на Еулекс во заминување французинот Хавиер де Марњак деновиве изрази надеж дека НАТО нема наскоро да инсистира на кратење на бројот на војниците.

„Ова не е најдобро време за тоа. Мислам дека таквиот потег ќе биде преуранет“, изјави Марњак, кој по две години служба на Косово, идниот месец ќе биде заменет од германскиот дипломат Бернд Боркард.

НАТО зборува за ребалансирање на мисијата, односно поголемо фокусирање на напорите врз проблематичниот север, каде што српското малцинство е против централните власти во Приштина. Одлуката за тоа се очекува на министерскиот состанок на НАТО што ќе се одржи во идниот месец.

Портпаролот на Алијансата Оана Лунгеску вели дека обемот на мисијата на КФОР постојано се разгледува заедно со Еулекс.

Независниот Суд на ревизори на Европската унија соопшти дека големите трошоци за Еулекс довеле само до ограничен напредок во борбата против криминалот и корупцијата на Косово.
Сепак, приватно некои претставници на НАТО се жалат дека дел од проблемот е самиот Еулекс, или поточно земјите кои ја финансираат таа мисија од над две илјади припадници. Имаше голема вознемиреност кога во минатата година персоналот на Еулекс беше намален за 25 насто.

Други велат дека на Еулекс, или на владите кои стојат зад оваа мисија им недостига политичка волја да се борат со корупцијата, организираниот кримнал и шверцот на Косово, особено во неговиот северен дел.
Оана Лунгеску

Оана Лунгеску


Минатиот октомври германскиот министер за одбрана Томас де Меизир побара целосен ремонт на персоналот на оваа мисија, велејќи дека не е задоволен од нивната работа. Германскиот контингент е најголем во КФОР, или една четвртина од војниците.

Во меѓувреме, независниот Суд на ревизори на Европската унија соопшти дека големите трошоци за Еулекс довеле само до ограничен напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

Косово кое во 2008 година прогласи независност е најголем корисник на финансиска помош од Европската унија по глава на жител, пишува „Вол стрит џурнал“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG