Достапни линкови

Белата куќа го осуди видеото со ќерките на Обама


Белата куќа ја оцени за „гнасна и кукавичка“ видео снимката со ќерките на претседателот Барак Обама што ја објави Американската асоцијација за оружје. Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни изјави дека повеќето американци се согласуваат оти децата не треба да се користат како пиони во политичка борба. Тој зборуваше за снимката што на интернет ја постави лобито кое се залага за правото да се поседува оружје. Во неа Обама се нарекува лицемер, бидејќи вооружени тајни агенти ги штитат неговите ќерки, додека татко им се противи на воведување вооружени чувари во училиштата. Обама вчера изенесе предлози за сузбивање на вооружените инциденти во земјата.
XS
SM
MD
LG