Достапни линкови

Обама - план против оруженото насилство во САД


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама го претстави планот за решавање на проблемот со оруженото насилство. Овој план доаѓа по пукањето во основно училиште во Конектикат минатиот месец кога беа убиени 20 деца и шестмина возрасни. Обама во Вашингтон рече дека планот предвидува низа мерки и законски предлози. Тој рече дека ќе побара од Конгресот да забрани формациско оружје и шаржери со голем капацитет, како и да воведе засилени проверки на купувачите на оружје.
XS
SM
MD
LG