Достапни линкови

Хашим Тачи отфрлува автономија за северно Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска ја отфрли можноста за давање автономија на Србите на северот на Косово, во замена за поддршка на Белград Косово да добие место во ОН, јави Танјуг. Неговите коментари уследија еден ден откако српскиот премиер Ивица Дачиќ навести дека Белград би можел да поддржи членство на Косово во ОН, доколку на Србите им биде дадено право на самоуправување. Во интервју за западни медиуми, Тачи ја поздравил „промената на ставот“ на Белград, но наведе дека членството на Косово во ОН „не зависи од волјата“ на Белград. Дачиќ и Тачи утре ќе се сретнат на нова рунда разговори во Бриел, со посредство на шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG