Достапни линкови

logo-print

Одбиено барањето на членка на Пуси Рајот за одложување на затворот


Една од затворените членки на бендот Пуси Рајот Марија Аљохина пред судот во Бережники.

Една од затворените членки на бендот Пуси Рајот Марија Аљохина пред судот во Бережники.

Судот во рускиот град Бережники го одби барањето на една од затворените членки на бендот Пуси Рајот Марија Аљохина, која бараше судот да и дозволи да го отслужи остатокот од затворската казна кога нејзиниот 5-годишен син ќе наполни 14 години, образложувајќи дека одвоеноста може да му наштети на неговиот развој. Амнести интернејшнал реагира дека одлуката на судот е „натамошно исмејување на правдата“.
Аљохина е една од трите членки на Пуси Рајот кои се затворени поради тоа што во Црквата на Христос Спасителот во Москва изведоа песна против претседателот Путин. Тие беа осудени за „хулиганизам мотивиран од верска омраза“. Аљохина и Надежда Толоконикова се осудени на две години затвор, а третата членка Јекатерина Самуцевич доби условна казна.
XS
SM
MD
LG