Достапни линкови

Законски измени за професионализација на дипломатијата

Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски ја пуштија во употреба новата зграда на Министерството за надворешни работи.

Воведување систем на кариера во дипломатијата, задолжително познавање на одредено ниво на англискиот јазик со доставување одреден сертификат и на уште еден странски јазик, како и воведување систем на оценување и отчетност за работата на дипломатите, се дел од измените кои се предвидуваат во Законот за надворешни работи. Услов за вработување во Министерството ќе биде и нечленување во орган на политичка партија на централно ниво. Како што образложи министерот за надворешни работи Никола Попоски пред собраниската Комисија за надворешна политика, целта на измените е да се подобри развојот на дипломатската служба, којa е нашата лична карта во странство.

На денешната седница своите тези за дипломатска активност ги презентираа и новите македонски амбасадори во Велика Британија Јован Донев и во Шпанија Слободан Чашуле.
XS
SM
MD
LG