Достапни линкови

Киргистан - Затворање на базата на НАТО по повлекувањето од Авганистан


Аеродромот Манас.

Аеродромот Манас.

Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев соопшти дека на аеродромот Манас не треба да остане никаква воена опрема, откако најголемиот дел од меѓународните сили ќе се повлечат од Авганистан до крајот на 2014 година. Во соопштението од кабинетот на Атамбаев се наведува дека претседателот му го повторил својот став и на американскиот помошник секретар за Јужна и Централна Азија Роберт Блејк кој е во посета на Киргистан. НАТО во моментов го користи аеродромот Манас во близина на Бишкек за снабдување на силите во Авганистан со неборбени средства. Во Киргистан има и руска воена база во градот Кант на северот на земјата.
XS
SM
MD
LG