Достапни линкови

logo-print

Една од членките на Пуси Рајот бара одложување на затворската казна


Една од затворените членки на бендот Пуси Рајот Марија Аљохина.

Една од затворените членки на бендот Пуси Рајот Марија Аљохина.

Судот во рускиот град Бережники почна да ја разгледува жалбата на една од затворените членки на бендот Пуси Рајот Марија Аљохина. Таа побара судот да и дозволи да го отслужи остатокот од затворската казна кога нејзиниот 5-годишен син ќе наполни 14 години, образложувајќи дека одвоеноста може да му наштети на неговиот развој. Аљохина е една од трите членки на Пуси Рајот кои се затворени поради тоа што во Црквата на Христос Спасителот во Москва изведоа песна против претседателот Путин. Тие беа осудени за „хулиганизам мотивиран од верска омраза“. Аљохина и Надежда Толоконикова се осудени на две години затвор, а третата членка Јекатерина Самуцевич доби условна казна.
XS
SM
MD
LG