Достапни линкови

Шулц - Македонија не може да напредува кон ЕУ со поделби


Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц повика на соработка меѓу сите партии во Македонија.

„Македонија не може да има напредок во насока кон ЕУ, ако партиите и етничките заедници се поделени. Ние имаме потреба од соработка и повторувам дека Македонија на почетокот беше пример. Сега се надевам таа земја да не се претвори во грижа“, рече Шулц на денешната прес-конференција одговарајќи на прашањето поставено од дописникот на МИА од Стразбур, за тоа како гледа на политичкиот конфликт меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство во Македонија.
XS
SM
MD
LG