Достапни линкови

Можни се важни одлуки за Македонија за време на ирското претседателство


Премиерот на Ирска Ендa Кени.

Премиерот на Ирска Ендa Кени.

Проширувањето е дел од приоритетите на ирското претседателство со Европската унија, рече премиерот на Ирска Ендa Кени пред Европскиот парламент, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

„Можни се важни одлуки за поранешната југословенска Република Македонија, Србија, Албанија и Косово“, рече Кени и додаде дека ирското претседателство ќе води „кредибилна политика на проширување“.

„Ние ќе го пречекаме хрватскиот народ за член на 1 јули годинава. За сите земји кои се ангажирани во процесот на преговори за членство и се наоѓаат во разни фази од преговорите, тие и ние имаме многу нешта за работа“, рече ирскиот премиер.

Во дискусијата која следуваше, европратениците многу повеќе беа концентрирани на економската криза со која се соочува ЕУ, отколку на проширувањето.

На конференцијата за печат, на прашањето на дописникот на МИА, дали под кредибилната политика за проширување, може да се очекува и датум за почеток
на преговори на Македонија со ЕУ во текот на ирското претседателство, премиерот Кени одговри само дека за тоа ќе се разговара според извештајот на Европската комисија.
XS
SM
MD
LG