Достапни линкови

logo-print

Попоски - Предлогот на Филе за трилатералка е добар


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Позитивен предлог кој може само да придонесе кон дополнително градење на довербата меѓу двете земји, е оценката на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на иницијативата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за трилатерална средба со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Според него, со ваквата иницијатива не се изместува процесот за надминување на спорот за името под мандат на Обединетите нации, туку ќе придонесе за, како што вели, „задржување на кредибилитетот на евроинтеграциите што е од клучно значење на Европската комисија“.

„Мислам дека е логично во ова ирско претседателство да се донесат одлуки кои би обезбедиле зачувување на тој кредибилитет во наш интерес, во интерес на земјите-членки и секако на Европската комисија“, рече Попоски.

Најавената средба на посредникот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц со претставниците на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, министерот Попоски ја оцени како позитивна и во контекст на заложбите за динамизирање процесот и на комуникацијата.
XS
SM
MD
LG