Достапни линкови

Комисијата нема кворум за предлог-законот за бранители


Архивска фотографија: Собраниска Комисија за труд и социјална политика заседава за Предлог-законот за бранителите.

Архивска фотографија: Собраниска Комисија за труд и социјална политика заседава за Предлог-законот за бранителите.

Одложено е 22. продолжение на собраниската Комисија за труд и социјална политика на која требаше да се дискутира за Предлог-законот за бранителите поради немање кворум за гласање. Комисијата од вкупно поднесени над 15.000 амандмани има разгледано и треба да гласа по 41 амандман. Во Комисијата за труд и социјална политика која брои 13 члена, шест се од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и коалицијата, двајца пратеници се од ДУИ и еден од ДПА.
XS
SM
MD
LG