Достапни линкови

Драстичен пад на прометот во индустријата


Во ноември 2012 година во однос на истиот месец лани се забележува пад на прометот од 31.7 проценти, додека на домашниот пазар во истиот период прометот е паднат за 47 отсто. Сето тоа се одразува и на работниците.

Намалениот промет во индустријата е врзан со падот на индустриското производство и сето тоа се одразува врз вработените, велат дел од упатените. Професорот и поранешен министер за финансии Никола Поповски вели дека во последниве две децении во Македонија се нема случено индустриското производство да опаѓа повеќе од десет месеци.
Единствениот одговор е дека кризата постои во Европската унија и тоа се рефлектира на нас. Тоа е точно, но ниедна држава, ниедна компанија што се соочува со криза на одреден пазар не седи со врзани раце, туку бара нови пазари.
Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии.

„На тоа се надоврзува сега и падот на прометот што значи дека покрај тоа што се намалува производството, паѓа и прометот, односно очигледно дека се зголемуваат произведените, а не продадени производи од индустријата и дома и во странство. Тоа е последица од кризата, значи се намалува производството, кризата остварува притисок врз него и се помал е прометот, очигледно се намалуваат и странските пазари.“

Во ноември 2012 година во однос на истиот месец лани се забележува пад на прометот од 31.7 проценти. Вреди да се спомене и дека на домашниот пазар во истиот период прометот е паднат за 47 отсто. Нема значаен ефикасен одговор од Владата, вели Поповски.

Можеби не на масовни отпуштања, затворања на претпријатија, иако и тоа го имавме по примерот на Југохром, примерот на Скопски легури итн, меѓутоа скоро во сите претпријатија со мали исклучоци имаме по некое намалување, што присилно, што на доброволна основа.
Пеце Ристевски, ССМ.
„Единствениот одговор е дека кризата постои во Европската унија и тоа се рефлектира на нас. Тоа е точно, но ниедна држава, ниедна компанија што се соочува со криза на одреден пазар не седи со врзани раце, туку бара нови пазари, претежно таму кадешто економијата се движи, тоа се да речеме овие економии од Истокот. Во нашето соседство тоа би била Турција, Русија, Украина, држави кадешто производството и економијата се уште се движат.“

Падот на индустриското производство и доследно намалениот промет можат да предизвикаат последици по статусот на работниците, вели синдикалецот Пеце Ристевски

„Можеби не на масовни отпуштања, затворања на претпријатија, иако и тоа го имавме по примерот на Југохром, примерот на Скопски легури итн, меѓутоа скоро во сите претпријатија со мали исклучоци имаме по некое намалување, што присилно, што на доброволна основа. “

Дури и во претпријатијата каде нема намалување на бројот на вработени се забележуваат проблеми, додава Ристевски.

„А таму каде што и задржуваа работниците, имаме намалување на платите, преку плаќање на принуден одмор и слични такви методи.“

Според главните индустриски групи, најголем пад на прометот во ноември 2012 во однос со истиот период во 2011 година е забележан кај енергијата за речиси 97 отсто, покажуваат официјалните податоци.
XS
SM
MD
LG