Достапни линкови

Штефан Филе барал трилатералка за името на Македонија


Штефан Филе, комесарот за проширување му напишал писмо на грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос во кое му предложил трилатерална средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. На овој начин, како што јави Дојче Веле на македонски јазик, ќе се овозможела нова рамка со која Комисијата би имала директен увид во процесот на преговори.
Eврокомесарот побарал од Аврамопулос да назначи и свој личен пратеник, човек од доверба, кој би бил контакт од грчка страна во европскиот формат на тристрана комуникација.Во писмото комесарот за проширување вели дека целта на трилатералката е да се надградат заклучоците за Македонија од декемврискиот Совет на ЕУ.
XS
SM
MD
LG