Достапни линкови

logo-print

Трет ден анти владини протести во Пакистан


Следбениците на исламскиот клерик Мухамад Тахир ул Кадри трет ден по ред протестираат пред Парламентот во Исламабад.
Кадри, кој неодамна се врати од Канада, ја повика владата да поднесе оставка поради корупција и некомпетеност.
Во меѓувреме, пакистанскиот врховен суд нареди апсење на премиерот Раџа Первез Ашраф и 15 други официјални личности поради коруптивна афера со енергетски проект во 2010 година.
Сите овие турбуленции се случуваат на неколку месеци пред изборите на кои Претседателот Асиф Али Зардари се надева да ја освои власта и да ја предводи првата цивилна влада во 65 години независен Пакистан.
XS
SM
MD
LG