Достапни линкови

Алити: Поштата нормално ќе функционира, освен Дирекцијата


Управниот одбор на Македонски пошти синоќа на вонредна седница разговараше од каде ќе се управува со претпријатието додека се санира штетата во главната зграда во која вчера избувна пожар. Во писмено соопштение од Директорот на Македонски пошти Рафиз Алити е наведено дека поштата нормално ќе работи на цела територија на Македонија, освен на шалтерите во Дирекцијата и дека сите граѓани и правни лица кои во текот на вчерашниот ден извршиле финансиски трансакции, тие се навремено процесуирани и заштитени. Управата на Македонски пошти ќе функционира во објектот на Пошта 2, лоциран кај новата Железничка станица.
XS
SM
MD
LG