Достапни линкови

Фридом Хаус- Земјите од Блискиот Исток добија конкуренција


Според последниот извештај на Фридом Хаус за слободни земји, државите од поранешниот советски сојуз стануваат силна конкуренција на земјите од Блискиот Исток по политичка и социјална репресија. Според извештајот за 2012 година рускиот претседател Владимир Путин воведе нов начин на забрзана репресија во Русија. Узбекистан, Туркменистан, Белорусија и Таџикистан се меѓу последните слободни земји на листата од 195 држави. Во извештајот на Фридом Хаус е забележан и напредок на некои земји по прашањето за слободата во Блискиот Исток како на пример во Либија, меѓутоа се предупредува дека таквиот напредок може да биде загрозен од „религиозно – политички фракции“ . Во извештајот е нотиран и пораст на насилствата на муслимани врз муслимани во Пакистан и Ирак. Глобално гледано 2012 година според Фридом Хаус е година кога има се помалку слобода во повеќе земји отколку што е подобрена состојбата.
XS
SM
MD
LG