Достапни линкови

logo-print

Обама ќе ги соопшти мерките за спречување вооружено насилство


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе ги објави мерките за спречување на вооруженото насилство, за кое во јавноста се отвори голема дебата по престрелките минатиот месец во основно училишта во Конектикат. Во таа престрелка загинаа околу 20 деца и 6 возрасни лица. Обама во понеделникот изјави дека администрацијата „енергично“ работи на креирање мерки со кои ќе се намали вооруженото насилство вклучувајќи ја и можноста за забрана забрана за напад со оружје и ограничувања на муницијата со висок капацитет, како „разумен“ чекор за подобрување на јавната безбедност.
XS
SM
MD
LG